Новоапостолската црква во Македонија официјално е регистрирана во 1992 година, иако пред овој период во Македонија постоеле неколкумина кои веќе биле крстени и со тоа тие веќе биле членови на Новоапостолската црква.
Првата заедница во Македонија е формирана во Шуто Оризари, а набргу потоа и во центарот на Скопје.
Денес, Новоапостолската црква има уште свои заедници во Прилеп и Св. Николе. Помали групи на членови и верници Новоапостолската црква има и во други градови во Македонија. На самио почеток црквата имала само еден Ѓакон, додека другите свештени лица доаѓале од Германија кои редовн ги одржувале богослужбите и духогрижнички се грижеле за верските потреби на самите верници. Денес црквата во Македонија има 7 Ѓакони, 6 Свештеници, 1 Евангелист, 1 Околиски Евагелист и 1 Околиски Старешиина, сите од Македонија.
Посетите од Германија денес се вршат само уште од страна на Апостолот.
|