Новоапостолската црква е христијанска црква. Нејзиното учење се базира врз Сетото писмо. Исус Христос, за Кого сведочи Сетото Писмо, се наоѓа во средиштето на верскиот живот на новоапостолските христијани. Тие се подучуваат да внимаваат на заповедта на љубовта кон Бога и кон ближниот. За свој примарен налог црквата го смета објавувањето на Евангелието и душегрижништвото.
Членството во Новоапостолската црква се стекнува со примање на Светиот Дух со Светото запечатување.
Новоапостолската црква познава како во времето на првите Апостоли три сакраменти – Свето крштевање со вода, е првиот чекор во заедништво со Господ.Крштевањето го извршуваат свештенички службеници, а да се крстат можат луѓе од сите возрасти - Свето запечатување ( примање на светиот дух) е дарување на Сетиот Дух. Со тој дар луѓето стануваат деца Божји. Како во прахристијанското време,го извршува апостол со молитва и со положување рака. и - Светата вечера, се слави во спомен на Исусовите страдања и неговата смрт.
Новоапостолскиот Христијанин
- Има за цел да учествува на првото воскрсение, повторно Христово доаѓање
- Не е слеп фанатик, туку реалист
- Се труди да живее во согласност со својата вера
- Учествува во јавниот живот и совесно и одговорно ги исплнува своите обврски во општеството, семејството и на работното место
Новоапостолската црква не бара никаква државна потпора, ниту самата наметнува некакви даноци. Доброволните прилози служат за намирување на севкупните издатоци. Бесплатно се даваат и сите благослови и се извршуваат сите црковни обреди, како на пример венчавки, крштевки и погребни свечености. Значајно место во душевната грижа земаат посетите на семејства и болни,како и грижата за децата и младите. Новоапостолската црква не прогласува никакви забрани, само дава совети.
|