Со пеење и со музика го славиме Бог. Во тоа ние го изразуваме нашето убедување за верата, благодарноста и многу други чувства. Понатаму, со тоа ние го добиваме нашето внатрешно спокојство, тишина и мир.
Нашата црковна музика соодветствува со достоинството и светоста на Богослужбата, како и со содржините на нашата вера.
Музиката на Богослужбата во нашата црква има функција да ни послужи за
- духовно прилагодување на Богослужбата,
- ја подвлече проповедта и да го продлабочи разбирањето,
- да придонесе за радост, сила и наклоност,
- допринесе кон утехата во тагата и сигурноста
- да го поттикне доживувањето на заедницата.
Затоа ние освен на Богослужбите имаме и црковни музички концерти, на кои што на заинтересираните им овозможуваме да го доживеат музичкиот живот на нашата црква и содржините на нашата вера. Овој музички живот се отсликува во
- пеењето на заедницата
- музиката од оргуљата
- инструментални групи и оркестри
- хорот |