Новоапостолска црква
Македонија
На почеток Актуелности За нас Календар Нашите заедници   Контакт
За Новоапостолската црква
Црквата
Мисија и цели
Богослужби
Црквата во Македонија
 
Заедницата
За заедницата
Децата, младите и сениорите
Музика
Заедништво
Душегрижништвото
 
Три Сакраменти
Светото крштевање со вода
Светото запечатување
Светата вечера
 
Нашите активности
Фотографии од настани
Посети на Главниот Апостол
 
ЛОКАЦИЈА (мапа)
Богослужби:
    Недела: 10.00 ч.
    Среда: 19.30 ч.
 
Хор: Вторник: 19.00 - 21.00 ч.
 
ТРИ СВЕТИ ДЕЛА

Сакраментите се Свети дела. Во Светото писмо меѓу другото за тоа се вели: „Бидејќи три се, оние кои што сведочат: духот и водата и крвта; а тие три се заедно“ (1.Јован 5, 7 и 8). Според овој редослед Новоапостолската црква познава три Сакраменти: Светото запечатување, Светото крштевање со вода и Светата вечера.

Сакраментите може да ги прими секој човек, независно од возраста, потеклото или полот.

СВЕТОТО КРШТЕВАЊЕ СО ВОДА

Светото крштевање со вода е првата и основната порака за милост од Тројството Господово за луѓето. Таа е измивање на наследениот грев и прифаќање на заедништвото на оние, кои што веруваат во Исус Христос и него го признаваат како нивни Бог. Тројството Господово им го отвара на луѓето патот кон спасот во Христос. Крстениот треба да го избегнува гревот и да го управува сопствениот живот во следбеништво на Христа.

Она крштевање кое што се случило во други христијански заедници се признава целосно, доколку е спроведено "со обред", а тоа значи во името на Господовото Тројство и со вода.

Наместо децата, родителите или нивните заштитници ги преземаат должностите што произлегуваат од заветот на крштевањето се до конфирмацијата иветуват дека со сета сила ќа ја заштитат душата на детето на Бога. Апостолите а Исус Христос и светеничките служби што се поставени од нив имаат право да го даруваат светото крштевање.

СВЕТОТО ЗАПЕЧАТУВАЊЕ

Светото запечатување е дар на Светиот Дух, а со тоа е најважниот дел од повторното раѓање (Дела на светите апостоли 8, 14-17; Ефесјаните 1,13, 14; 4, 30). Тоа е основата на целосното обновување н внатрешниот човек (Римјаните 8, 9; 2. Коринтјаните 5, 17; 1. Петар 1, 23; Јаков 1, 18; спореди исто така Језекиил 9, 2-6 и Откровение 7, 3).

Со него човекот станува Божјо дете со право на Христовото наследство (Римјаните 8, 17). Со тоа поседувањето на Светиот Дух е залог за вечната слава (Јован 3, 5; Ефесјаните 2, 17-20). Светото запечатување уште се нарекува:

- свето крштевање со Дух Свети и со оган (Матеј 3, 11; Дела на светите апостоли 1, 5)

- свето помазание (2. Коринтјаните 21. 22).

СВЕТАТА ВЕЧЕРА

Светата вечера е празник на радоста и благодарноста. Потсетува на жртвената смрт на Синот Господов, кој што дозволи да биде распнат за гревовите на човештвото и покрај својата безгрешност. Светата вечера го прима вечниот живот на душата и и дава сигурност да остане во животна заедница со спасителот Исус Христос (Јован 6, 51-58). "Месото и крвта" Исусова денес се примаат како леб и вино во форма на хостии. Со нивниот вернички вкус човекот го прима во себе Исусовото битие и добива нова сила, да може да го надмине сето она, кое што може да му попречи на вечниот спас на душата (според откровенија 12, 11).


Станете ни пријател :
Бидете ни пријател
Линкови


  Наша фамилија

  European Youth Day
 

 
[ eXperti ]